НАЈПОЗНАТИ ХОЛИВУДСКИ ЛЕЗБО ПАРОВИ

За некои табу тема, за нив љубов!

Некои љубовни приказни траат веќе со години, па не се изненадување, додека некои го оставија во шок целиот свет

Иако за многумина се уште е табу тема, бројни холивудски личности се почесто истакнуваат дека се припадници на ЛГБТ популацијата, а веќе не е туѓо ни тоа дека се склопуваат вакви бракови. Меѓу познатите парови од ист пол се Елен Деџенерис, Џоди Фостер, Елен Пејџ, Синтија Никсон ...

Славната американска водителка и комичарка Елен Деџенерис (59) и актерката Порша де Роси (44) во август ја одбележаа деветтата годишнина од бракот. Деџенерис уште во 1997 јавно зборуваше за својата определба.

"Да бидеш нејзина жена е најдоброто нешто кое ми се случило", напиша по повод годишнината Деџенерис на Инстаграм.

Актерката Елен Пејџ (30) и Саманта Томас (37) се заедно од 2015, после само една година од признанието на Елен дека е лезбијка.

"Заљубена сум. Одлично е чувството да се прошеташ по црвен килим држејќи ја за рака личноста која ја сакаш", изјави своевремено Елен за тогаш новата девојка.

Sвездата на култната серија и филм "Сексот и градот" Синтија Никсон (51) е горда што е лезбијка. Од 2012 година е во брак со Кристин Мариони, а пред тоа беше мажена за Дејвид Мозес со кого има две деца.

"Не сум бакнала девојка, а камоли да сум била во врска со некоја. Кога почнав да се гледам со Кристин бев збунета. Кога ја запознав, мислев дека е маж", рекла Синтија.

Оскаровката Џоди Фостер (54) никогаш не ја криела сексуалнаta определба. Во 2014 се венча со својата партнерка, фотографката Александра Хедисон со која ги чува дватa сина родени за време на врската со Синди Бернард, со која беше во љубов цели 15 години. Беше во врска и со Елен Деџенерис.

Актерките Сара Полсон (42) и Аманда Пит (45) беа во центарот на вниманието кога во почетокот на годината се бакнаа на црвениот килим. Долги години беа блиски пријателки, а двете во неколку наврати изјавија дека една на друга си се како жена.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари