СИМОНА ПОПОСКА:

Во последно време настапите се намалија, а и заработката не е иста!

Симона Попоска наскоро ќе промововира нов сингл, а истиот веќе е снимен и во моментов се работи на финализирање на деталите околу него.

Симона Попоска наскоро ќе промововира нов сингл, а истиот веќе е снимен и во моментов се работи на финализирање на деталите околу него. Младата пејачка која 2016 ја заокружи со секси фотосесија вели дека има големи планови на музички план за годината во која влеговме и искрено се надева дека состојбата на домашната естрада ќе се подобри и македонската музика повторно ќе почне да се слуша.

Мислам дека ова со забраната ја задуши домашната музика. Некако и настапите се намалија, а и заработката не е иста. Работам во студио цело време и се трудам да останам позитивна, иако ми пречи фактот што она што го снимам нема начин како да допре до ушите на слушателите, со оглед на тоа што сме забранети на домашните телевизии и радија", рече охриѓанката која наскоро ќе стане заштитно лице и на познат парфем.

Зависна сум од парфеми и мислам дека нема ништо посекси од жена која мириса убаво. Наскоро ќе станам заштитно лице на еден познат парфем, но предвреме не сакам да откривам ништо", додаде Симона.

Поврзани

Најнови вести

Коментари