НА ДОМАШЕН ТЕРЕН СЕ Е ТАЈНО

Во Холивуд ѕвездите завршуваат со келнерки, нашиве партнерите ги кријат како змија нозе!

Многумина мислат дека познатите личности бараат исклучиво партнери кои исто како нив имаат славно име и презиме, но реалноста е сосема поразлична. Имено, има голем број на ѕвезди кои се заљубиле во комплетни анонимци - Мет Дејмон, Скарлет Јохансон, Риси Витерспун, Мерил Стрип... и тие се потврда дека љубовта и статусот не секогаш одат заедно во комбинација. Така е и на домашен терен. Голем број на наши фаци завршуваат со сосема "нормални и обични луѓе", но има и такви кои како змија нозе го кријат својот приватен живот и во јавност се појавуваат исклучиво сами, иако јавна тајна е дека имаат партнери покрај себе.

Мет Дејмон

Славниот американски актер ја запознал љубовта на својот живот во 2003 година додека таа работела како келнерка, а судбоносното "да" го кажаа само две години подоцна.

Скарлет Јохансон

Русокосата убавица стапи во брак со новинарот Роман Дуријак пред две години. Иако изгледаа како среќен и хармоничен пар оваа година ја шокираа јавноста со нивниот развод. Наводно се разделиле уште минатото лето, но тоа го држеле во тајност. Актерката во Њујорк била забележна и без својот венчален прстен.

Риси Витерспун

Риси го запозна ловецот на таленти Џим Тот и се омажи за него во 2011 година. Познатата актерка и нејзиниот сопруг обожаваат јавно да покажуваат колку им е убаво во бракот, па така на доделувањето на наградите "Critics' Choice"цела вечер си разменувале нежност и бакнежи.

Мерил Стрип

Легендарната актерка со нејзиниот сопруг скулптор е во брак уште од далечната 1978 година. Во една прилика таа изјави дека е среќна жена и дека за тоа е заслужен само нејзиниот сопруг.
"Ти ми го даде она што најмногу го ценам во нашиот живот", изјавила романтичната Стрип.

Принцот Вилијам


Војвотката од Кембриџ некогаш беше само една обична девојка. Модерната Пепелашка - Кејт Мидлтон успешно го пронајде својот принц, па веќе неколку години е во среќен брак со Вилијам.

Марјана Станојковска


Сексапилната манекенка и водителка вешто го крие приватниот живот од очите на јавноста и наводно нема партнер. Сепак, минатиот роденден Марјана за ВЕЧЕР откри дека е особено среќна што посебна и драга личност и испратила порака и потенцираше дека тој гест и го разубавил роденденот. Идентитетот на тајната личност не го откри, но сигурен е фактот дека тој "некој" завема важно место во нејзиниот живот.

Владо Јаневски


Чаирскиот романтичар долги години е во медиумска илегала и скоро никој не знае што му се случува на љубовно поле.
Во последното интервју кое го даде за една позната домашна емисија само кажа дека ретко излегува од дома, но не откри дали некој му прави друштво во семејниот дом или, пак, ужива сам.

Поврзани

Најнови вести

Коментари