(Видео) Вилата на Опра Винфри настрада во невремето во Калифорнија

Два дена по доделувањето на „Златните глобуси“, Опра Винфри повторно е во центарот на вниманието, но не поради нејзиниот моќен говор на свечената церемонија или, пак, шпекулациите за можна претседателска кандидатура, туку поради поплавите и лизгањето на земјиштето со кои Калифорнија се бори во моментов.

Имено, познатата ТВ-водителка има вила во Санта Барбара, па нејзиниот имот и оние на нејзините соседи се здобиле со сериозни оштетувања. Покарај материјалните штети, поради обилните врнежи во Калифорнија регистрирани се и смртни случаи.

Најмалку 13 лица загинале, а властите стравуваат дека овој број би можел да биде уште поголем. Неколку куќи се уништени, а првите спасувачи кои пристигнале на местото на несреќата спасиле околу педесетина луѓе.

„Повторно се молиме за нашата заедница во Санта Барбара“, напиша Опра во вторникот на социјалните мрежи и сподели фотографии од нејзиниот двор прекриен со кал, како и од хеликоптерите кои спасуваат луѓе од погодените области.

A post shared by Oprah (@oprah) on

Ова е втората катастрофа што за кратко време ја погоди Калифорнија. Минатиот месец оваа американска држава се бореше со страшни пожари кои речиси ја уништија вегетацијата.

Опра објави и видео на кое се гледа како со чизми шета низ калта и констатира дека куќата зад неа исчезнала.

Инаку, еве како изгледа куќата на Опра во Калифорнија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари