(ВИДЕО) Јадран филм го претстави трејлерот за „Македонија“

„Јaдран филм доел“ со гордост го претставува трејлерот-от на играната серија „Македонија“ која е специфична љубовна приказна, каде главен актер е американски продуцент кој доаѓа во Македонија за да прави серија за Македонија и при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа… Неколку пати по неколку тешки удари на проектот, скршен за кратко решава да се откаже, но сепак на крај ја завршува серијата…

Изработка на квалитетен и добар, а пред се и гледан производ кој ќе има гледачи во целиот свет е задача која воопшто не е лесна ниту едноставна. За тоа говорат и бранувањата околу овој проект, коишто за жал стануваат дел од дејствието на играната серија „Македонија“.

„Во оваа прилика, во името на целата екипа, изразуваме благодарност за огромната поддршка што ја добивме од јавноста, како и од сите сегменти на македонското општество, токму од оние кои се дел од дејствието и дел од екипата на серијата.Објавувањето на трејлер-от е првиот чекор кој го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста, и во транспарентен процес ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Работејќи со силна верба и висока цел, ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности. Гледајќи го трејлер-от, „Македонија“ ќе видите дека тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. За нас и за „Македонија“ најважен дел на светот е Македонија и гледачите во Македонија.
Наша единствена цел е презентација на Македонија како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака светот.

Серијата ќе ја завршиме и јавно ќе ги презентираме сите информации со единствена цел институциите на системот и целата македонска јавност да бидат точно информирани. Нашата професионална работа е јавна, „res publica“, позади која стои нашата компанија со 71 годишна традиција, компанија која продуцирала повеќе од 200 филмови, како и најсложени и најуспешни серии за светскиот пазар. Така ќе биде и овојпат со проектот МАКЕДОНИЈА!“ велат од Јадран Филм дооел и екипата на проектот МАКЕДОНИЈА.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари