Вицотека

ВО АВТОБУС Влегува некој во автобус и го прашува возачот: -Мајсторе, треба ли да се вади карта за цвеќе? -Не. -Вртејќи се назад довикува: -Розо, влегувај.

ПИЈАНА РАБОТА Дошол келнерот до "земја" пијаниот гостин и му рекол: -Г-дине, испивте премногу. За Вас веќе не служиме пијалак. Гостинот лут, одвај се довлечкал до излезот и заминал. Меѓутоа, неколку минути подоцна, повторно влегол тетеравејќи се. На шанкот порачал пијалак. -Г-дине, нема да Ве услужиме. Дали сакате да повикаме такси да Ве однесе дома. Гостинот револтирано ја напуштил кафеаната. По неколку минути повторно се појавил од задниот влез. На крај на трпението, келнерот му се заканил дека ќе повика полиција, на што пијаниот извикал: -Човече... во колку кафеани работиш ти?

ИДЕАЛЕН МАЖ Прашање: Како жените со годините, ја менуваат својата претстава за идеалниот маж? Одговор: На 20 години: висок, црн и убав. На 30 години: висок, црн, убав и богат. На 40 години: висок, црн, убав, богат и умен. На 50 години: маж со коса. На 60 години: маж.

Поврзани

Најнови вести

Коментари