ШОУ КОЕ ГИ ПОМЕСТИ СИТЕ ГРАНИЦИ

Вечерва скопјанки ќе плакнат очи на Chippendales!

Вечерва во хотелот "Александар Палас" припадничките на понежниот пол ќе имаат можност да уживаат во шоуто на најголемата стрип-танчарска трупа на светот Цхиппендалес, кои специјално доаѓаат од Лас Вегас.

Приказната на Chippendales датира од 1979 година од Лос Анџелес кога првата професионална машка танцова трупа почнала и да го освојува светот каде и да настапува. Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show" како забавна и популарна форма. Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од Chippendales ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија.

Трупата во моментов брои 48 машки танчари. Меѓу нив има студенти, професори, веб-дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик-боксери... Годишно настапуваат во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out" доживување. Денес, оваа компанија продуцира повеќе претстави во светот, вклучувајќи ги и постојаните претстави на Бродвеј и во Лас Вегас. Тие се постојана атракција каде и да настапуваат, а како гости им се приклучуваат дури и светски ѕвезди. Во моментов, друштво им прави супермоделот Tajson Bekford.
Да не се лажеме, ова не е осмомартовско шоу, ова е BEST NIGHT EVER и ултимативна женска забава!

Поврзани

Најнови вести

Коментари