Вака Германците ги исмејуваат политичарите (фото)

Канцеларката Ангела Меркел прикажана е како "црна вдовица" која гази по коски и черепи на своите политички противници.

На парада во Келн, на која присуствувале околу 11.000 граѓани и туристи, прикажани се 85 се фигури на политичати, како и своеврсни карикатури кои ги исмејуваат последните глобалистички случувања.

Карневалската сезона во Германија била на врвот во понеделникот, кога веселата парада во рамките на "Розовиот понеделник" поминала низ германските градови, Келн, Диселдорф, и Мајнц.

Ова се пете најдобри примери на политички сатири прикажани на парадата.

"Црна вдовица" Ангела Меркел

Канцеларката Ангела Меркел прикажана е како "црна вдовица" која гази по коски и черепи на своите политички противници.

Минатата година, Меркел го доби четвртиот мандат да ја води земјата. Многумина сметаат дека Германија нема политичар кој би можел да ја замени Меркел која се смета фактички и ледер на ЕУ.

Како Трамп си помина со руската мечка.

Учесниците на Карневалот се потрудиле да го исмеат американскиот претседател Доналд Трамп кој можеше да се види во срамна поза со руската мечка.

Мечката носи натпис "руска афера" а карикатурата се однесува на наводната врска на Трамп со Русија, кој тој и официјална Москва повеќе пати ја демантираа.

Тереза Меј со бебе наказа
Британската премиерка Тереза Меј е прикажана како раѓа бебе наказа кое требало да биде "брегзит бебе"

Одлуката граѓаните на Велика Британија да ја напушти ЕУ жестоко е критикувана во Германија.

Ова карикатура го исмејува последниот еколошки скандална на водечкиот германски произведувач на автомобили.

"Фолксваген" неколку пати е обвинет за фалсификување на резултатите од еколошките тестови во последните две години. Како пример, концернот во 2015 година бил вмешан во фасификување на резултетите за емисја на издувни гасови за своите дизел автомобили.

Освен тоа "Фолксваген" е обвинет дека финансирал контраверзни истражувања за време кога луѓето и мајмуните биле принудени да вдишуваат гасови од автомобилските мотори, со што би се испитало влијанието на емисија на гасови на нивното здравје

Логори за бегалци
Бегалската криза добила главна улога на Карневалот.
Оваа карикатура ја критикува политиката на ЕУ спрема мигрантите, кои земјите на Еу ги враќаат во кампови во Либија, каде што немаат никаква перспектива во иднина.
.
Европа во последните години е соочена со незапамтен прилив на бегалци кои бегаат од подрачја зафатени со војна – Блискиот исток и Африка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари