НА МИС ОРИЕНТАЛ ТУРИЗАМ 2017

Три интернационални титули за модното студио Црнокрак

Три интернационални титули за модното студио Црнокрак е исходот од учеството на нашите две овогодинешни претставнички на изборот Мис ориентал туризам 2017, кој се одржа во Мианјанг, Кина.

24-годишната скопјанка Сандра Стефановска ја освои титулата Мис Бикини, во конкуренција на преку 50 девојки, од исто толку држави од целиот свет, додека 19-годишната Ивана Маневска, исто така, од Скопје ги освои титулите - најдобра во вечерна тоалета и Прва придружницка од жири-комисијата составена од спонзорите.

Победничка на Мис ориентал туризам 2017 е претставничката на Португалија Ана Клаудиа Орнелас Бомфим, прва придружничка девојката од Таџикистан Ѕосуман Кхолова, а втора Ли Ѕуан Ѕан од Кина.
Сандра и Ивана во Кина престојуваа 20 дена, и двете се дел од модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари