Трагедија на познатиот музичар: Му рекла дека ќе го чека, но се омажила за друг и потоа дознал дека си пукала во глава

Песната „Tu noć kad si se udavala"е една од најубавите балади на Прљаво Казалиште, но малку кој знае каква тажна приказна крие.

По легендата која со години се прераскажува Јасенко Хоурa , лидерот на бендот имал девојка во која бил многу заљубен и кога заминалв о војска ја прашал дали ќе го чека и таа позтивно му потврдила.

Меѓутоа, кога Јасенко се вратил од војска со бендот ја закажал својата свирка на една венчавка и тоа било на венчавката на неговата девојка.

Во една верзија оваа приказна има уште еден трагичен крај. Недолго по венчавката, девојката си пукала во глава и на тој начин си го одзела животот.

Jасенко ова никогаш го немаше потврдено, но ни ја немаше демантирано легендата која е врзана за оваа песна.

Поврзани

Најнови вести

Коментари