НАТАША МАЛИНКОВА ПРОСЛАВИ 14 ГОДИНИ БРАК

Тој е моја љубов, поддршка, партнер и другар!

Наташа Малинкова деновиве прослави 14 години од својот брак. По тој повод пејачката објави фотографија на социјалните мрежи каде позира во прегратка на сопругот.

Наташа Малинкова деновиве прослави 14 години од својот брак. По тој повод пејачката објави фотографија на социјалните мрежи каде позира во прегратка на сопругот, а под неа напиша:

Ја стартуваме 15. година заедно годинава. Тој е мојата љубов, поддршка, моја среќа, партнер и другар, мој избраник со кого сакам да го поминам целиот мој живот...Вечерва паричката се падна кај него... Заедно ќе зачекориме во уште една среќна година за него и за мене...Те сакам", стои во постот на кавадарчанката која е мајка и на две деца.

И покрај тоа што преку ден работи во семејниот салон за мебел, а навечер пее и настапува, Малинкова вели дека многубројните обврски воопшто не и претставуваат проблем и тврди дека кога се сака, се може да се постигне.

По природа сум хиперактивна и воопшто немам проблем со тоа да ги завршам сите обврски навреме, иако во последно време ги имам поприлично многу. Најголема поддршка во се што работам добивам од сопругот и ќерките. Исто така, морам да потенцирам дека сопругот е многу свесен и знае како функционира шоу-бизнисот и нема никаква љубомора од негова страна. Македонската публика сака и глас и стас, а јас работам за публиката и морам да и го дадам она што го бара", додаде Малинкова.

Поврзани

Најнови вести

Коментари