Искрено

Тијана проговори за бракот: Ништо не е идеално!

Пејачката Тијана Дапчевиќ е позната како некој кој нема проблем отворено да зборува и важи за човек "без влакна на јазикот", па затоа и речиси никој не е изненаден од нејзината искреност на тема брак.

Без проблем таа зборувала за проблемите во бракот и кризата што пред некое време ја имаа со сопругот Милан, но и за тоа како им е сега.

"Ништо на светот не е идеално, па самото тоа не може да е ни бракот. Милан и јас не сме само сопружници, туку и најдобри пријатели. Кај нас не постои ништо што се премолчува или останува недокажано. Се сакаме, и понатаму сме вљубени еден во друг и се уште се изненадуваме. Не сакам кога ќе речат дека за добар брак е потребна толеранција. Ако некого не го сакаш ја нема таа толеранција која може да смени се", рекла пејачката и признала дека е горда што и покрај се успеала да ги сочува складниот брак и љубовта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари