На домашен терен

Тиан на гости кај тета Ребека!

Малечкиот Тиан, синот на Хелена Роза и Игор, дојде да ја запознае татковината на тато и мама, но и да си ги види роднините. 

Пречекот на скопскиот аеродром како што доликува, подеднаков љубов и прегратки за сите, но посебно внимание на малиот Тиан, кој неодамна наполни 40 дена. 

Тета Ребека и баба Роза спремни и со балони ги дочекаа своите најмили, кои веќе неколку години живеат во Нов Зеланд, каде всушност и роден малечкиот. Со Хелена и Игор, на кои ова им е прво заедничко дете, живее и Кјара, нејзината ќерка од првиот брак. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари