Браво за неа

Сузана Спасовска се спрема за турнеја во Кина!

И додека нејзините колешки одат на турнеи кај нашите иселеници по светот, Сузана Спасовска може да се пофали со едно неверојатно гостување.

Ни помалку ни повеќе Спасовска кон крајот од годинава би требало да замине на голема турнеја во Кина.

Дознаваме дека преговорите за ова патување се при крај и ако се оди според планираното, во оваа далечна земја Сузе, која патем веќе извесно време го изучува кинескиот јазик, ќе престојува во периодот на ноември или декември.

"Се спремам за една турнеја, односно при крај сум со некои преговори и чинам дека ноември или декември ќе биде мојата турнеја во Кина", истакна Сузе во едно тв-гостување. Таа уште откри и дека во изминатиов период интензивно ги изучувала песните што ќе ги отпее пред кинеската публика.

Поврзани

Најнови вести

Коментари