Според гласовите на читателите на "Time", младиот принц е личност на годината

Носителот на титулата "Личност на годината", списанието ќе ја објави на 6. декември.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман ел Сауд, станал "личност на годината" според читателите на списанието "Time". За него гласале 24 проценти од читателите.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија дошол на чело на комитетот за борба против корупција на 4. ноември. Следниот ден, тој наложил апсење на 11 членови на владејачкото семејство и повеќе од 40 познати државни чиновници, влијателни поранешни чиновници и бизнисмени, под обвинение за перење на пари, користејќи ја службената положба во лични интереси и склучување на непостоечки договори.

На второ место со големо заостанување се нашле учесниците во кампањата "#MeToo" - корисниците на социјалните мрежи кои зборувале за тоа како станале жртви насилство. Тие добиле 6 проценти од гласовите на читателите.

На трето место, по 5 проценти од гласовите поделиле американскиот фудбалер Колин Каперник, специјалниот обвинител на САД по предметот "Русија", Роберт Милер, и "dreamers" - млади луѓе кои во САД илегално ги довеле родителите.

Минатата година најпопуларен меѓу читателите бил премиерот на Индија, Нарендра Моди. Изборот на читателите на списанието, по правило, се разликува од одлуката на редакцијата.

Носителот на титулата "Личност на годината", списанието ќе ја објави на 6. декември.

Поврзани

Најнови вести

Коментари