Висината не е пречка

Славни фраери на кои им недостасуваат сантиметри

Разликата во сантиметри не била пречка за нивните врски. Иако славните сопруги им се за "глава" повисоки, фраерите секогаш се снаоѓаат, а понекогаш знаат да облечат и чевли со "потпетици"

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнстајгер

Ана е повисока од сопругот, кој наводно е висок 1,83 см. Сепак, тоа ни малку не ја расипува сликата на хармонична двојка. Тие се едни од ретките кои не ја кријат разликата во висината.

Род Стјуарт и Пени Ланкастер

Двојката која годинава ги обнови брачните заклетви е еден од примерите со "драстична" разлика во висината, односно Пени е повисока 10 см.

Роси Хантингтон и Џејсон Статам
Двојката годинава го доби првото дете, момченце. Иако на службените страници се крие информацијата за неговата висина, на фотографиите е очиледно дека манекенката е повисока речиси за "глава". Заедно се веќе седум години.

Никол Кидман и Кит Урбан
На високата актерка навистина сантиметрите не и се важни. После нискиот Том Круз, таа се вљуби во кантри пејачот Кит, кој е вискок 1,73 см. Урбан понекогаш носи чевли со подебела потпетица, а таа често зазема поза со која ја крие разликата.

Бехати Принсло и Адам Левин
Манекенката која неодамна објави дека со рокерот го очекува второто дете наводно заради него и не носи потпетици. Во брак се три години.

Криси Тајген и Џон Леџенд
Пејачот и манекенката и водителка се заедно 11 години. Криси е висока 1,74 и е повисока од својот сопруг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари