Деми Ловато со трогателна исповед:

Славата ме удри во глава и станав алкохоличарка!

Кога пред шест години, како последица на наглата слава, почнале да пристигнуваат проблемите кои потоа почнала да ги "решава" со алкохол, пејачката Деми Ловато не ни сонувала низ што сè мора да пројде за да ја надмине зависноста.

Кога пред шест години, како последица на наглата слава, почнале да пристигнуваат проблемите кои потоа почнала да ги "решава" со алкохол, пејачката Деми Ловато не ни сонувала низ што сè мора да пројде за да ја надмине зависноста.

Денес, посилна од некогаш, таа е благодарна на секој ден, но и на поддршката која ја има од своите најблиски и секако обожавателите.

Изминале речиси шест години откако Ловато одлучно му рекла "збогум" на алкохолот. Сепак, иако поминало толку време, таа признава дека целиот процес е исклучително тежок и дека секој ден работи на тоа да остане трезна.

Секој ден е борба", признала 25-годишната пејачка на годинешното собирање на фондацијата "Brent Shapiro", која се бори против зависностите.

За својот труд да остане трезна, таа ја добила наградата "Spirit of Sobriety".

Секој ден е нов предизвик. Некои денови се потешки од останатите. Понекогаш сосема забораваш на пијалок, но за мене е најважно да се работи на психичкото здравје. Посетувам терапија два пати неделно, внимавам редовно да пијам лекови, а посетувам и состаноци на анонимни алкохоличари. Покрај тоа, посетувам и теретана", вели таа.

Ѕвездата никогаш не молчела за своите проблеми, како за зависноста, така и за самоповредувањето со остри предмети, проблемите со исхраната и биполарното пореметување – дијагноза која ѝ била поставена во 2011. година.

Во периодот кога бев на рехабилитација, мојот менаџер ми рече: Ова можеш да го оставиш за себе или да го споделиш со светот. Доколку се одлучиш за ова второто, некој веројатно ќе ја пронајде својата сила за борба со своите демони".

Деми Ловато се одлучила токму за втората опција – да ја сподели својата борба со светот.

Сфатив дека е многу поважно луѓето да научат нешто од мојата приказна, отколку да го задржам тоа за себе", вели Деми.

Таа денес е благодарна на сè низ кое прошла: "Ова беше патување со многу подеми и падови.

Горда сум на себеси, но сето ова немаше да се случи доколку не беше Бог, моето семејство, пријателите и сите останати кои беа тука за мене. Денес се чувствувам понизно и среќно. Ви благодарам што бевте покрај мене и што верувавте", изјавила пејачката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари