ЏЕСИКА ПАЛАШОСКА:

Сите ми го сакаат газето!

Џесика Палашоска, која периодов одмара на музички план, вели дека се уште е во потрага по вистинскиот маж за неа. Иако важи за една од позгодните риби на домашната сцена, фолкерката нема среќа со припадниците на посилниот пол и веќе неколку години е сингл.

Ми се додворуваат мажи, но ниту еден од нив не успеал да ми го задржи вниманието. Верувам во филмска љубов, сакам успешен партнер покрај себе кој ќе биде во состојба да направи се за мене, а таквите во денешно време се ретки. Знам какви квалитети имам и затоа бирам, не сакам да бидам со некој само колку да не сум сама", вели Џесика која паралелно студира и на Економскиот факултет во Прилеп и моментално учи и спрема испити.

Студирам економија за да можам да си ја кренам цената на тезгите, да знам како да 'изиграм' со менаџерите и да си договорам поскапи настапи", низ насмевка прокоментира Палашоска, која во иднина планира да си го осигура и газето.

Последниве неколку месеци не излегувам од теретана, се потам, но затоа сите ми го фалат газето и велат дека изгледам топ! Планирам да го осигурам, но за некоја година кога ќе станам поуспешна", заклучи фолкерката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари