ИЗМИСЛИЛА СЕ ЗА ДА НЕ ОДИ НА СУД

Северина лажела дека е трудна?!

Северина е трудна! Северина го загуби бебето!... Пејачката се најде во центарот на вниманието откако се појави веста дека по втор пат ќе стане мајка, за по неколку дена да проструи веста дека го загубила бебето, но според Српски телеграф ништо не е точно и се е измислено само со една цел – да се избегне судењето со Милан Поповиќ, а во врска со старателството над нивниот син Александар.

Според наводите на добро информиран извор, правниот застапник на Севе на рочиштето кое пејачката го имала закажано за 29 март, донел извештај од една приватна клиника чиј наод открил дека е бремена. Истиот ден фотографот од еден хрватски весник ја "фатил" додека со сопругот Игор влегувала во теретана.

"На денот кога беше закажано рочиштето, нејзиниот адвокат на судот му предаде наод според кој Северина е во блажена состојба, па наводно заради тоа не може да се појави на судење. А утрото папараците ја фотографирале како оди во теретана, па судијата побеснел заради очигледната лага и манипулацијата со нешто како што е бременоста", открил изворот и уште додал: "Сверина се обратила до приватната клиника, каде го обавила прегледот по кој и била востановена бременоста. Наводната бременост од седум недели и три дена. Документот кој бил приложен на судот бил со измачкан факсимил, па не можело да се утврди кој стручњак ја востановил бременоста. Исто така, извештајот бил направен така што упатувал на фактот дека би можела да има спонтан, затоа што било истакнато дека бременоста и е мошне ризична. Со оглед на тоа дека се е сомително, а клиниката најверојатно издала лажен извештај со случајот ќе се позабави министерството за здравство и лекарската инспекција."

Официјална потврда за целиот случај засега нема ниту од пејачката, ниту од нејзиниот сопруг или некој член на неговото семејство Којиќ, а богаму недостапен за коментар е и менаџерот на Северина, Томица Петровиќ.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари