Се соблекла гола, а најинтимните места ги покрила со новогодишни украси

Фотографиите од Бланка Бланко предизвикале бурни реакции, со оглед на тоа дека актерката се фотографирала гола на плажа.

Американската актерка и манекенка, 36-годишната Бланка Бланко, ги израдувала своите фанови на социјалните мрежи со разголени фотографии и им покажала во какво издание ќе ги дочека претстојните празници.

Бланка се соблекла целосно гола на плажа, на градите ставила машнички и се накитила со новогодишни украси.

Најинтимниот дел го покрила со голема црвена машна и неколку лампиони.
А кога се свртела, настанал вистински празник за очи.

Бланка Бланко од страна на "GQ" била вброена меѓу најсексапилните девојки во 2017-тата година, а актерката инаку и пред неколку месеци шокирала со појавувањето на Оскарите, кога дошла во тоалета со голем процеп - и без гаќички.

Нејзиниот стајлинг мнгоумина тогаш го осудиле како едно од поголемите модни промашувања, но, од друга страна, преку ноќ станала ѕвезда.

Поврзани

Најнови вести

Коментари