Ненадејни прекини

Се сакаа, но сепак си кажаа КРАЈ!

Ништо не е вечно, па ни страста и љубовта. Типичен пример се овие двојки кои на сите страни се фалеа со страста и емоциите, а потоа ненадејно решија дека веќе не се еден за друг. На овие краеви тешко дека некој се надеваше...

Анџелина Џоли и Бред Пит

Иако не е начисто до каде се, бидејќи секојдневно стигнуваат нови информации, сепак познато е дека американската актерка поднесе барање за развод, и тоа преку ноќ, затоа што наводно не се согласувале околу воспитувањето на децата. Во љубов беа 12 години!

"Многу сум тажен, но сега најважно од се е доброто на нашите деца. Би ги замолил медиумите да им дадат приватност", рече тогаш Пит.

Лив Шрибер и Наоми Вотс

После 11 години врска и две деца двојката реши да се раздели. Никогаш не се венчаа, а во заедничка изјава открија дека се разделуваат како пријатели.

Тејлор Свифт и Том Хидлестон

После големата љубов со диџеј Харис, со кого после нешто повеќе од една година ставија крај на врската, Тејлор се вљуби во актерот Том Хидлестон, но и тоа траеше кусо - нешто помалку од три месеци.

Д Викенд и Бела Хадид

Музичарот и манекенката се разделија по година и пол врска, наводно заради преполните распореди и фактот дека не можеле да се гледаат.

Дајан Кругер и Џошуа Џексон
Секогаш изгледаа совршено и делуваа како складна холивудска двојка, но после 10 години решија дека е доста заедништво.

Дру Баримор и Вил Копелман

После четири години брак летоска ги предадоа документите за развод. Имаат две ќерки.

Амбер Херд и Џони Дип

После само една година брак Амбер реши да се разведе од Џони, и тоа заради наводно физичко насилство. Нивниот развод крена огромна врева.

Ана Фарис и Крис Прат

Крис (38) и Ана (40) се венчаа во 2009 после шест години свршенички живот и го имаат синот Џек (4).

"Ана и јас сме тажни затоа мораме да кажеме дека ќе се разведеме. Долго се трудевме и мношне сме разочарани. Нашиот син има двајца родители кои многу го сакаат и заради него сакаме оваа ситуација да остане што е можно поприватна. Уште се сакаме, и секогаш ќе ги паметиме нашите заеднички мигови и ќе зачуваме длабока почит еден за друг", напиша актерот во својата објава на социјалните мрежи, така откривајќи дека се разделуваат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари