НЕМААТ ЗАБИ, ПОЛА КОСА ИМ ИМА ПАДНАТО

Се дробеле од дрога, а уште се живи!

Од клиники за одвикнување, до менување на крв или луда среќа - апсолутно никому не му е јасно што им ги спасило животите... Ова се најпознатите светски ѕвезди кои успеале да се спасат од зависноста од дрога и да доживеат старост.

Мик Флитвуд

Тапанарот денес е во пензија, а во 70 - те и 80 - те години секојдневно консумирал кокаин. Според неговите пресметки, на ден шмркал по 6 грама, а поради зависноста имал психички проблеми, три пати се развел и преживеал неколку банкроти.

Кит Ричардс

Кит Ричардс е еден од најголемите зависници кој неколку пати поради предозираност бил на работ на смртта, а успеал и да преживее кога во 70- те во Швајцарија му подментнале отров. Наводно, од 2006 година е чист, а според неговите кажувања уште е жив затоа што се дрогирал умерено.

Елтон Џон

Поп легендата почнал да зема кокаин во 70- те, а според него дрогата му делувала позитивно и бил поотворен кон луѓето. На сцена зрачел со самодоверба, а кокаинот го доживувал како лек за срамежливост. Неговите блиски пријатели во едно интервју истакнале дека земал толку големи количини на ден што бил на добар пат да умре. И сам признал дека во 1989 година земал кокаин на секои 4 минути и цели 3 месеци немал излезено од дома. Поради тоа имал тешки напади и непрекинато крварење од носот, а успеал да се излечи во 1990 година.

Мик Џегер

Секс, дрога и рокенрол! Тоа е паролата на Мик Џегер кој бил зависен од хероин. И ден-денес консумира полесни дроги затоа што благодарение на нив имал инспирација за пишување песни. Да не ти се верува...

Стиви Никс

Пејачката консумирала кокаин цели девет години. Докторите во 1986 година ја предупредиле дека и останува само уште еден месец живот доколку продолжи да се дрогира. Била на лекување, а додека се одвикнувала користела клонопин од кој, исто така, станала зависна.

Ми се лупеше кожата, косата почна да ми паѓа... Одвикнувањето од дрога е многу тешко", рекла Никс во едно интервју.

 

Стивен Адлер

Тапанарот во групата "Ганс енд роузес" бил до толку зависен од кокаин што во 1980 година го отпуштиле од бендот. Во тоа време го преживеал и првиот мозочен удар, за после неколку години да доживее и срцев удар поради предозираност, а итна помош интервенирала во неговиот дом дури 31 пат. Од 2008 година е чист.

Ози Озборн

Ози дефинитивно е медицинско чудо! Тој до својата 40-та година се убивал во буквална смисла на зборот со дрога и алкохол и нема што нема пробано. Марихуана, ЛСД, кокаин, хероин, таблети...
Неговата сопруга во една прилика има изјавено дека единствени кои преживеале апокалипса се Ози, Кит и мравките...

Поврзани

Најнови вести

Коментари