Не е лесен дечко

Саша Ковачевиќ објави ценовник.... Еве колку кошта!

Пејачот Саша Ковачевиќ е еден од најпосакуваните ергени од соседството па логично е дека многу девојки би сакале со него да поминат барем еден ден, па токму затоа тој, како дечко со големо срце нели, решил да им даде можност на сите кои сакаат да си го остварат овој, свој сон.

Ковачевиќ објавил цела листа на услуги кои ги нуди, но не бесплатно. Кај Сале ништо не е џабе, па затоа најчесно, да нема недоразбирања, си објавил ценовник на секоја услуга посебно – без разлика дали станува збор за прошетка, прошетка сосе држење за рака, бакнеж во јавност, пакет од 5 бакнежи+држење за половина, врат+насмевка... И да, цените се изразени во евра!

Да нема дилеми станува збор за шега, односно Саша во чест на Денот на вљубените решил само да се се пошегува со своите следбеници на Инстаграм. Иако рака на срце со оглед на тоа дека добро изгледа можеби и би можел да размисли за корекција на цените и за можноста да заработи некое евренце плус!

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари