Шпанците воодушевени од фраерот кој гостува во КАДМО

Саша Ковачевиќ е новиот Енрике!

Саша Ковачевиќ е спремен за светска кариера!

Со оглед на тоа дека се поактуелни се латино темите и тој реши да го следи трендот и да ја сними песната со наслов "Dices No", односно шпанската верзија на темата "Кажеш не", а медиумите од Латинска Америка го дочекаа со симпатија, се разбира, судејќи по објавите. Очигледно српскиот убавец, кој ни е чест гостин во земјава, има отворен терен и кај седмата сила таму, освен кај девојките, па затоа не изненадуваат текстовите во кои го нарекуваат српски Енрике Иглесијас.

Саша е воодушевен од тамошните реакции, па со тоа дури и им се пофалил на своите виртуелни пријатели. Што ќе се случува со неговата кариера понатаму останува времето да покаже, а во меѓувреме тој вечерва, по втор пат летово, ќе им пее на своите обожавателки во Охрид. Поточно Ковачевиќ вечерва гостува во клубот Кадмо, каде е редовен гостин секое лето и каде секогаш се бара карта повеќе за дружбата со него. Атмосферата стандардно ќе ја загрева кралот на ноќните свирки Драган Џони Темелковски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари