ПАК СО ДАМЈАН ПЕЈЧИНОВСКИ

Сара Мејс откри „Лажев јас"!

Сара Мејс и Дамјан Пејчиновски по успешната соработка за темата „Немам пари" за следната недела најавуваат уше едно несекојдневно изненадување за својата публика.

Имено, соработката, која започна со „Немам пари" и видеозаписот кој ја размрда македонската естрада, продолжува, но овој пат со нешто сосема поинакво.

Станува збор за темата насловена „Лажев јас", во кој повторно креативно ќе се појави младиот музички виртуоз Дамјан Пејчиноски, а која излегува во истовреме со видео.

Водени од одлично синхронизираната артистичка елација, овие двајца исклучителни македонски музичари со своите песни и изведби, секогаш допираат до сетилата на своите слушатели, а не потфрлаат да ги поттикнат и размислувањата и ставовите во општеството. За што точно станува збор, македонската јавност ќе дознае во текот на следната недела.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари