Песна, свадба, концерт...

Сара Мејс го најавува својот најуникатен настап


Сара Мејс е прилично активна периодов – прво ја објави новата песна „Небо", потоа направи свадба, а сега најавува и концерт. Под покровителство на Град Скопје на 26 месецов, со почеток во 20 часот Сара ќе одржи концерт на плоштадот „Мајка Тереза", пред платото на МОБ.

Нејзините најнови артистички изданија потекнуваат од нејзината неуморна природа водена од енергијата која на македонската јавност им ги донесе „Врне, врне", „Намбареја", „Пеперутки", „Градина од цреши", „Шаби – лаби"... Во духот на бескрајниот креативен карактер Сара Мејс очекува да го приреди својот најуникатен настап заедно со уште 9 музичари, односно авторскиот тим на проектот Floating through space with Sarah Mace.

Концертот на Сара Мејс е отворен карактер и сите љубители на музиката се поканети на незаборавна забава и искуство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари