СУЗАНА МАНЧИЌ:

Сакам влакнести мажи!

Сузана Манчиќ во едно интервју за српските медиуми открила дека сака негувани и дотерани мажи и потенцирала дека од кожа ја вадат депилирани припадници на посилниот пол.

Сузана Манчиќ во едно интервју за српските медиуми открила дека сака негувани и дотерани мажи и потенцирала дека од кожа ја вадат депилирани припадници на посилниот пол.

Мажите треба да бидат уредни, негувани и дотерани, но никако не можам да ги сфатам оние кои се бричат или депилираат. Сакам влакнести мажи", рекла Манчиќ која секогаш отворено зборувала за сексот и за врските, па и сега, без влакна на јазикот, одговорила на прашањето кој повеќе морализира.

Мислам дека сега жените повеќе морализираат од мажите. Сега сите девојки би сакале повторно да бидат невини, никогаш да немале дечко, никогаш да не се заљубиле. Од друга страна, пак, сите жени се совршени домаќинки, ги сакаат мажите секој ден... Не можеш да го сакаш секој ден, некогаш го мразиш, би го шутнала со нога", открила Сузана и додала:

Ако барате некој што има совршено минато, нема да го најдете, никој не е совршен, сите грешевме, правевме глупости, но тоа не значи дека сме лоши луѓе".

Поврзани

Најнови вести

Коментари