МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ:

Сакам да посвојам 200 деца, само да имам со што да ги издржувам!

Марија Шерифовиќ во едно интервју за српските медиуми открила дека астролозите и предвиделе многу деца и вели дека едвај чека да донесе наследник на овој свет.

Марија Шерифовиќ во едно интервју за српските медиуми открила дека астролозите и предвиделе многу деца и вели дека едвај чека да донесе наследник на овој свет.

Астролозите ми рекоа дека ќе имам многу деца, но се уште не размислувам за тоа. Имам некои работи кои морам да ги остварам пред да станам мајка. Не сакам да ми ја предвидуваат судбината затоа што тоа ми е малку чудно, но верувам во натална карта", рекла Марија која не ја исклучува можноста во иднина да посвои и дете.

Оној момент кога ќе ги исполнам моите желби и замисли ќе посвојам ако треба и 200 деца. Само да можам да ги издржувам и воспитувам онака како што треба, апсолутно немам никаков проблем со тоа", потенцирала пејачката и додала дека би сакала со некого да дели семеен дом, но во моментов и годи и самотијата.

Сингл сум веќе подолг временски период и тоа ми годи. Кога на социјалните мрежи ќе напишам дека некој ми недостасува, тоа се однесува за моето куче Роби кое почина. Емотивно не ми недостасува никој", заклучила Шерифовиќ.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари