ЕВРОВИЗИЈА 2017 - НАЈСКАНДАЛОЗНАТА ДОСЕГА

Руската претставничка во количка, Италијанецот настапува со горила, а Хрватот хомофоб!

Овогодишната руска евровизиска претставничка Јулија Самојлова (27) ако не ја уапсат, со оглед на тоа дека музичкиот натпревар се одржува во Украина, ќе настапи во количка. Јулија е родена како здраво девојче, но после вакцинација престанала да ги чувствува нозете. Лекарите тогаш и прогнозирале три години живот, но таа по некое чудо преживеала.

Родителите ме носеа кај разни исцелители, познати и непознати, излезе дека сите беа шарлатани", рекла Јулија, која лани била на тешка операција на карлицата, но бидејќи немала доволно средства и помогнале нејзините обожаватели кои покренале акција и го платиле лекувањето.

Се прославила настапувајќи во руската верзија на Икс Фактор, каде на аудицијата ја отпеала "Молитва" на Марија Шерифовиќ, а дотогаш пеела во ресторани и тоа главно пред работници на нафтени платформи. На сцената во Киев, секако, ако не и го забранат настапот, зашто пред две години имала концерт на Крим што Украина го смета за противзаконско, Јулија ќе ја отпее темата "Flame Is Burning".

Не помалку интересен е и еден од фаворитите Италијанецот Франческо Габани (34), кој тврди дека лажно го претставиле како хомосексуалец и кој настапува со горила. Некои италијански медиуми прво напишаа дека е геј, но веднаш демантираа, а тој заради ова скокна на првото место во обложувалниците.

Хрватскиот претставник Жак Худек (35) можеби не котира високо, но затоа на евровизиските фанови не им "избегаа" неговите хомофобни изјави.

Геј и лезбијската популација не може да биде рамноправна со останатите граѓани затоа што тоа значи враќање во Содома и Гомора", рекол Худек и додал дека за него истополовите заедници се "болни#.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари