Истрагата покажа:

Рок легендата Крис Корнел се обесил

Крис Корнел (52), пејач и гитарист на рок-бендовите „Саундгарден" и „Аудиослејв", извршил самоубиство со бесење, потврди денеска главниот патолог од Детроит.

Крис Корнел (52), пејач и гитарист на рок-бендовите „Саундгарден" и „Аудиослејв", извршил самоубиство со бесење, потврди денеска главниот патолог од Детроит.

Корнел беше пронајден мртов во бања во хотелска соба во Детроит, по одржување на концерт, соопшти полицијата. Полицијата наведува дека сопругата на Корнел го повикала семејниот пријател да провери што се случува со пејачот во хотелот „МГМ гранд" и оти тој повикал полиција.

Полицијата ја скршила вратата од бањата и го пронајде Корнел кој не давал знаци за живот, јави „Скај њуз".

Корнел синоќа одржа концерт со „Саундгарден" во „Фокс театарот" во Детроит, а последната песна бендот што ја изведе беше „Во време кога ќе умрам".

Легендарниот рок музичар во пресрет на концертот постави и фотографија на Твитер со порака: „Конечно враќање во Рок сити". Портпаролот на Корнер, Брајан Бамбери, претходно неговата смрт ја нарече „ненадејна и неочекувана" и изјави дека неговата сопруга и семејството се во шок.

Патолозите изјавија дека обдукцијата е завршена, но дека целиот извештај ќе биде дополнително соопштен, соопштија медицински лица од болницата Вејн. Семејството замоли за почитување на приватноста.

Бендот „Саундгарден" е еден од „големата гранџ четворка", заедно со бендовите „Нирвана", "Перл џем" и „Алис ин џејнс". Бендот беше активен од 1984 до 1997 година, за потоа во 2010 година ја обнови работата. Корнел е автор на хитовите на „Саундгарден" , „Blacк Hole Sun" и „Hunger Strike". Со Еди Ведер (Перл џем) го основаа и бендот „Темп оф д Дог", а потоа се приклучи во супергрупата „Аудиослејв" со која продолжи да нижи хитови како „Like A Stone", „Be Yourself", „Show Me How To Live"...

 

Најнови вести

Коментари