На концертот во Пиза (видео)

Робот диригираше со оркестарот на концертот на Бочели

Робот во човечки облик по име Ју Ми синоќа диригираше со филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во театарот „Верди" во Пиза, покажувајќи исклучителна „мекост" на движењата.

Тоа беше прво појавување на овој робот со две раце, дизајниран од швајцарската компанија АББ, по повод Првиот меѓународен фестивал на роботика во овој град во Тоскана. Роботот диригираше со оркестарот при изведување 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „Ла дона е мобиле" од операта „Риголето" на Верди, а кога ја подигна диригентската палка не покажуваше ниту најмал знак на нервоза.

- Ју Ми покажа високо ниво на флуидност во движењата, како и неверојатно изнијансирани изрази, изјави за весникот „Ил Фато квотидијано", Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука", кој синоќа настапи во Пиза.

Поврзани

Најнови вести

Коментари