НЕОЧЕКУВАН УСПЕХ

Рената Кралевска во топ 5 на шкотското Radio six international

Младата пејачка Рената Кралевска, која полека, но сигурно, гази на домашната поп-сцена, деновиве може да се пофали со голем успех. Нејзината песна "I can take you there" се искачи меѓу петте најслушани песни на шкотското Радио сиџ интернатионал, на топ листата Record of the world. Станува збор за топ листа составена од 100 најслушани песни во годината, а Рената со нејзината тема се искачи во најтесниот круг од најдобрите 5, од кои само една ќе биде наградена.

"Не ми се верува, навистина не очекував, ова е голем успех. Се се случи многу спонтано. Песната ја ставив на Јутјуб, но и на веб-страницата reverbnation.com. Тоа е социјална мрежа, исто како Фејсбук и Јутјуб, а на која многу познати пејачи ги прикачуваат нивните песни. За брзо време ми ја побараа за шкотското радио, но и во Англија, а беа многу изненадени бидејќи сум од Македонија", вели Рената, која најавува видео за темата "I can take you there", како и за "Не го барајте" со која настапи на Макфест пред две години.

(Љ.П.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари