ПРОВОКАТИВНА И ПОЛУГОЛА

Рената го претстави своето кралство!

Нејзиниот нов сингл на англиски јазик "Queendom", за кој пејачката соработуваше со шведскиот продуцент Алекс Фјаза, експерт за мастеринг што работел со повеќе познати музички ѕвезди, меѓу кои и американскиот рапер Соулџа Бој ја доживеа својата промоцијата на каналот "Виво"

Рената Кралевска го претстави своето кралство! Нејзиниот нов сингл на англиски јазик "Queendom", за кој пејачката соработуваше со шведскиот продуцент Алекс Фјаза, експерт за мастеринг што работел со повеќе познати музички ѕвезди, меѓу кои и американскиот рапер Соулџа Бој, ја доживеа својата промоцијата на каналот "Виво", а музичките експерти го оценија како инстант-хит кој е ода за модерните и самостојни дами на кои не им е потребен крал за да го покорат светот.

Со гордост ви го претставувам моето "Кралство". Благодарна сум за прекрасниот тим кој веруваше во мене и беше покрај мене сево ова време", напиша Рената на Фејсбук.

Видеото, пак, е дело на Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите пејачката се појавува во разголено и провокативно издание.

Во последно време некако проектите бараа поголема провокативност. Во моите почетоци не играв на картата на разголување, не е во преден план ниту сега, продава талентот, а ако се изгледа убаво и на тој начин се покрева самодовербата кај женскиот свет не гледам ништо лошо во тоа. Напротив, не постои девојка која не сака да се почувствува комфорно, а истовремено заводливо во своја кожа", додаде пејачката.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари