Неда Украден:

Преживеав грозни работи, но не се претворив во баба рога!

Неда Украден е во форма на која и позавидуваат и многу помлади колешки, а која вели се должи на тоа што внимава на исхраната, но и на тоа како човек се чувствува ментално.

"Се разбира, треба да се внимава на здравата исхрана, но многу поважно како се чувствуваш менатално. Затоа таа зрелост е убава, расчистуваш со заблудите и лажните пријатели", рекла Неда.

Пејачката важи за позитивна личност околу која низ годините немало скандали и конфликти, барем не јавно. Вели, омразата не ја признава како водилка во животот.

"Многу работи ми се случија во животот и против мене и против мојата кариера. Се случи таа војна, ми ја урнаа куќата во Сараево. Грозни работи ми се случија, но си реков – не можам сега заради местото на живеење да се изгубам себе и личноста да ми се претвори во баба рога. Јас омразата не ја признавам како водилка", додала Неда.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари