Дали се сеќавате на првиот хит?!

Пред да станат планетарно познати беа само обични музичари во обид!

Пред да станат она што се денес биле само анонимни музичари, придружни вокали или, пак, пишувале хитови за други. Дали се сеќавате на нивните почетоци и кои се песните кои им обезбедија место на врвот?!

Мадона денес е кралица на попот, но тешко дека ќе беше тоа ако не ја отпееше "Holiday". На Кајли Миног среќа и донесе темата "The Locomotion".

Се сеќавате ли е како се вика песната која не натера да "полудиме" по Бритни Спирс?! Одговорот е "Baby One More Time".

"Pon de Replay", пак, е хитот со кој Ријана и се претстави на светската јавност. Лејди Гага ја сними "Just Dance" и се друго е историја, а таа е на врвот. Кети Пери од анонимноста излезе со "I Kissed A Girl". "Genie in a Bottle" е првата песна на Кристина Агилера, а Пинк да не ја отпееше "Get the Party Started" тешко дека светот ќе чуеше за неа.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари