Го одбележаа денот на породувањето

Познати дами кои се во блажена состојба!

Овој празник се прославува секој прв понеделник во септември, а оваа година го одбележаа многу познати холивудски ѕвезди

Празникот на породувањето се слави во над 80 земји во светот секој прв понеделник во септември, а прв пат е одбележан во Њујорк во 1986 година. Првичниот датум на празнување бил 3 септември, но поради фактот што на тој датум бил извршен голем масакр, тогашните организатори решиле овој ден да го одбележуваат секој прв понеделник од овој месец, се со цел да го заборават немилиот настан, па така сега се слави  на истиот ден, кога се слави  и Labor day во Америка.  

На овој ден сите познати продавници за бебиња и децa ги имаат најголемите попусти, а истовремено се организираат и голем број на креативни работилници за идните мајки.

Овогодинешниот ден на породувањето го одбележаа и многу познати дами, кои во моментов уживаат во бременоста...

Холивудската актерка Скарлет Јохансoн веќе е во поодмината бременост, а наскоро ќе го роди и првиот син на вереникот Роман Даурик.


Младата актерка Мила Кунис веќе извесен период е во врска со актерот Ештон Качер, а како круна на нивната љубов наскоро ќе пристигне и првото заедничко дете.


Хајдин Пенетјер го очекува првото дете со партнерот Владимир Кличко, кој е професионален боксер од Украина.


Актерката Лејк Бел ужива во љубовта со сопругот Скот Кембел, но и во својата прва бременост.


Сестрата на познатата старлета Ким Кардашијан, Кортни наскоро на свет ќе го донесе и третото дете. Таа е во брак со Скот Дисик.


Неодамна својот труднички стомак го покажа и актерката Зои Салдана, која ужива во бременоста покрај сопругот Марк Перег.


Неодамна објави фотографии од трудничкото стомаче и Алиша Кис, која го очекува второто дете.


Пејачката Кели Роланд го носи првото дете од сопругот Тим Вајтерспун, но тоа не ја спречува редовно да оди на вежбање во теретана.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари