САКААТ ТЕНЗИЈА И АДРЕНАЛИН

Познати дами кои се палат на лоши момци!

Нив мајките изгледа не им кажале дека лошите момчиња се за забавување, а добрите за брак. Веројатно, во Холивуд е тешко да се најде верно и добро момче, но некои од овие славни дамие навистина "навлечени" на лоши момци.

Шарлиз Терон

Сите знаеме дека Шон Пен е "лошо момче" со огромен шарм, па ја разбираме таа врска, но не и нејзиниот однос со Стјуард Таунсенд. Се забавуваа десет години, а тој за тоа време успеа да основа паралелно семејство во Костарика и да добие две деца! Некој би се посомневал дека тоа што пораснала покрај агресивен татко довело до тоа Шарлиз да не може да препознае добар човек.

Ријана

После она што и се случи со Крис Браун, некој би помислил дека Ријана ја научила својата лекција. Но, не. После тоа беше во врска со Леонардо „сакам да шетам само манекенки" Ди Каприо, Дрејк, и на крај со Луис Хемилтон. Ријана знае како да најде момче, но не и како да го задржи. Но, кога станува збор за овие типови, можеби таа нејзина особина е одлична.

Кејт Мос

Велат дека депресивците привлекуваат депресивци. Не знаеме што навистина се случува со оваа згодна манекенка, но таа има колекција на момци кои имаат проблеми со себе, со светот, и на крај со неа. Од Џони Деп, со кој беше во најлошата фаза, преку Лени Кравиц, па до Пит Доерти.

Линдзи Лохан

Кутрата Линдзи иако бара нежни души, секогаш налетува на оние сосема поразлични. Избројани се дури 36 врски со познати момци, но особено тажни беа оние со Жоаким Феникс и Ајрон Картер.

Памела Андерсон

Нејзиниот цел живот е хаос, и тоа поради лошите типови. Почнувајќи од Томи Ли, со кој имаше се, од брак до секс снимка, па преку Рик Саломон, се до Кели Слејтер, Кид Рок и Фреди Дурст. Некогаш навистина помислуваме дека е слепа.

Меган Фокс

Оваа преубава жена имаше доста лоши момци, но некој кој бил во долга врска со Шија Лабоф навистина има проблем. И, тогаш се омажи, а сега и разведе од Брајан Остин Грин, а само тие знаат колку пати раскинуваа па се смируваа, па пак раскинуваа...

Џенифер Лопез

Иако успеа неколку години да се смири покрај Марк Ентони, кој ни самиот не беше премногу сладок, и пред него и после него беше мамец за лоши момци. Со Паф Диди дури се најде и во скандал со пукање.

Тејлор Свифт

Таа барем успеа да ги искористи сите лоши врски за да направи супер песни и да продаде милиони албуми. Сепак, таа веќе има убава колекција на типови кои јавно ја бламираа, ја озборуваа и ја откачија. Младоста поминува, но не и нејзината склоност кон лоши момци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари