FoodTalk 2015 заокружен со добра журка

После напорен работен ден, водителката Јована се опушта со виолина

Секоја успешно завршена работа се заокружува со добра музика, а има ли подобро опуштање посебно после напорен ден од тоа на увце да ти свират со виолина. Дека е така потврди и водителката Јована Стојменовиќ, која вчерашниот напорен ден и ангажманот околу првата регионална конференција за храна FoodTalk 2015, која вчера се одржа во прекрасниот амбиент на „Кањон Матка", го заврши мераклиски и со звуците на виолината на Коки и неговата Тајфа.  

Конференција ја отвори Роберт Чобан, сопственик на компанијата Color press Grupa, инаку организатор на настанот во чии рамки се одржаа шест панел-дискусии и две кејс-студии, како и богата програма проследена со повеќе демонстрации во живо од процесот на приготвување на најразлични јадења од присутните готвачи, вештите жени и дел од панелистите.

Дел од настанот во чии рамки учество зедоа низа стручњаци во областа на гастрономијата беа и многу домашни познати личности, а најмногу вниманието на присутните го привлече гостинот од Хрватска, едно од најпознатите ТВ-лица од регионот Оливер Млакар, кој рече дека досега многу малку знаел за македонската кујна, но оваа прилика ја искористил за добро да ја запознае и да проба многу наши специјалитети. Во вкусовите на приготвената храна уживаа и присутните, а настанот беше заокружен со музиката на Тајфата.

Домаќините на настанот, кој за прв пат се одржува кај нас, велат се презадоволни од тоа како поминало се и веќе размислуваат за следната година. Па така, ако вчера одблизу го видовме популарниот Квиско, веќе догодина тие атакуваат на мегапопуларниот Џејми Оливер. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари