Поранешниот уредник на МРТВ Ратајковски ја рецензирал „Македонија“

Во новата „епизода“ на скандалот “Македонија“ се појавуваат и други актери кои придонеле за „успешност“ на проектот кој државата требаше да ја чини 4,6 милиони евра, но до овој момент ја оштети за 1,2 милиони евра, кои иако дадени за првата сезона од серијата, од неа има само трејлер што беше објавен на социјалните мрежи. Макфакс и натаму ја истражува вистината, поточно зошто е одобрен овој милионски проект и досега нема производ за кој е платено и каде завршиле средствата. Што се однесува до трејлерот, ниту од него не е доставена копија во Агенцијата за филм, иако таа го платила. Колку за потсетување, проектот е одобрен во Агенцијата за филм пред две години како проект од национален интерес, што законот го дозволува, бидејќи е наведено дека е тоа проект што ја афирмира македонската историја. За него потпишала поранешната директорка Мими Ѓоргоска Илевска, а преку барање за информации од јавен карактер Макфакс дознава дека за серијата решавал Управен одбор во состав Ивана Николиќ, претседател, Дејан Димески и Стојанчо Радичевски. На потишувањето не присуствувале Марија Власева и Братислав Димитров, но биле дел од одборот.

Како официјални рецензенти на сценариото (кое како што беше објавено, го нема) се потпишани Петар Волнаровски, инаку вработен во Кинотеката и поранешниот главен и одговорен уредник на МРТВ, Диме Ратајковски. Финансиски советник на директорката бил продуцентот Дејан Илиев. Како што неофицијално дознаваме делови од итните снимања што се одвивале во минатите два месеци се користел сервисот на

Иако според законот Ратајковски во својство на обавувач на функција во МРТВ, да биде рецензент на серија која би требало подоцна да биде пркажувана на јавниот сервис, не прави злоупотреба на службена должност, сепак нејасно според кој критериум се одбрани со Волнаровски како компетентни за рецензирање на текстови со историски карактер. Серијата написи на Макфакс, кои беа објавени во период од 4 месеци, а се однесуваа на најголемот скандал во филмските проекти до сега кај нас, играна серија „Македонија“, минатава недела добија епилог со ставот на Владата и сите релевантни институции на системот. Во спорниот проект, се прекршени најмалку половина од одредбите на Законот за филм, а за дадените пари за кои најдоцна до 4 септември, требал да биде доставен производ, и се што е сродно на ова истражува Обвинителството и Финансиската полиција.

Во меѓувреме продуцентот Винко Грубишиќ од „Јадран филм“, за неуспешноста поточно за прекинот на серијата како главен виновник го посочува директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој со оваа институција раководи од август годинава. Аргументите на Грубишиќ не објаснуваат зошто досега нема ништо од серијата, и покрај тоа што веќе еднаш динамиката на снимањето била изменета и добил уште една поволност, наместо 130 епизоди за колку што било договорено, да испорача 80 епизоди. Тој не објаснува каде се потрошени средствата, дали ако снимал, каде и со кого снимал, и други детали што би биле релеватни за појасна слика во јавноста. Во неговите објаснувања, за кои како доказ приложува мејл дописи и една заедника фотографија со Тозија, се обидува да докаже дека „наспроти неговата добра волја, да го продолжи договорот“, Тозија не му дозволил и му барал рекет, односно му ја одбил банкарската гаранција што тој му ја нуди по пробивање на сите рокови што стојат во договорот, односно која требала да биде обезбедена на самиот почеток на договорот.

„Отворени сме за соработка и ќе ги доставиме сите документи и информации поврзани со нашата работа. Горјан Тозија на пресот кажа дека Јавното обвинителство повело постапка за криминал во целиот проект и свесно ја манипулира јавноста за целиот случај, што покажува на неговата личност и намера во целост. Ние, за разлика од Тозија, немаме што да криеме и ќе соработуваме со надлежните институции и ќе ги дадеме на располагање сите информации. Ја поздравуваме предистражната постапка со обѕир дека немаме што да криеме и сме постапувале во согласност со законот“, се вели во реакцијата на главниот продуцент на серијата „Македонија“. (А.Василевска) продуцентските куќи на Илиев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари