Погледнете ги славните... кога се пијани

Познатите светски ѕвезди на црвениот тепих можеме да ги видиме во крајно елегантно издание и беспрекорен изглед. Меѓутоа, во нивните животи постојат моменти кога се фотографирани и не баш во многу гламурозно издание

 

Дру Баримор
Глумицата Дру Баримор често можеме да ја видиме насмеана и добро расположена. Сепак, како и на многу ѕвезди, и нејзе и се случува понекогаш повеќе да се опушти со некоја чашка повеќе алкохол.

Гери Халивел
Гери Халивел (42), некогашната членка на групата "Спајс грлс", повеќе пати ја шокираше јавноста со своите изјави, но и со однесувањето. Кога се приклучила на друштвената мрежа Твитер, една од нејзините објави била дека првиот оргазам го доживеала на 30 години. Пејачката кога е ноќниот живот во прашање знае добро да се среди", а тоа никако не може да им побегне на папараците.

Луис Хамилтон
Сепак, не се само жените тие кои не умеат да кажат "не" на алкохолот. Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон по многу љубовни несреќи во врската со една од најпосакуваните жени, Никол Шерцингер, која наскоро ќе му стане и сопруга, утеха пронаоѓаше во алкохолот. Во една прилика толку многу се напил што пријателите буквално морале да го изнесуваат од клубот.

Ирина Шајк
Убавицата Ирина Шајк, која го освои срцето на фудбалерот на Реал, Кристијано Роналдо, паузата меѓу бизнис-ангажманот ја користи за опуштање. Ноќниот живот и доброто друштво не и се непознати. Иако не е фотографирана во некоја промискуитетна ситуација, сепак, се гледа дека алкохолот и годи.

Памела Андерсон
Кога станува збор за популарната Плејбој зајачица и глумица Памела Андерсон, би било излишно да се зборува за нејзините пороци, кои ги има повеќе. Освен што отсекогаш ги одбирала лошите момци за партнери, претерала во пластичната хирургија, а љубовта кон алкохолот кај неа одамна е присутна. Повеќе пати е фотографирана во недолични ситуации, но нејзе тоа, очигледно, многу не и смета. Уште во екот на популарноста русокосата убавица не можела да се носи со товарот на славата. Некое време се повлекла од јавниот живот, но кога се нашла во фокусот на јавноста, ретко кога било тоа со добри причини.

Линдзи Лохан
Кога ќе го слушнете името на глумицата Линдзи Лохан, сигурно првата асоцијација ќе ви биде: алкохол! Иако многубројната публика ја освои како симпатична девојка, сепак, товарот на славата тешко и паѓа. Повеќе пати била на клиниката за одвикнување, од каде што често бегала. Поради однесувањето е осудена на друштвено корисна работа, а за цело време нејзината кариера трпела.

Крис Мартин
Фронтменот на "Колдплеј", Крис Мартин, неретко го привлекол вниманието на острото око на папараците во не баш репрезентативно издание. Дури ни довчерашната сопруга Гвинет Палтроу не можела да го спречи неговиот бунтовнички дух.

Кортни Лав
Кортни Лав е американска пејачка, глумица и текстописец која може на јавноста и е најпозната и како некогашна сопруга на Курт Кобејн. Поради раскалашното однесување, весникот "Ролингстон" ја прогласи за најконтроверзна жена во историјата на рок-музиката некогаш.

Поврзани

Најнови вести

Коментари