Почина уште еден великан, Малком Јанг од AC/DC

“Со искрена и длабока тага мораме да соопштиме дека почина Малколм Јанг. Малколм, заедно со Ангус, беа основачи и креатори на AC/DC. Со огромна посветеност, беше движечка сила на бендот. Како гитарист, текстописец и визионер, беше перфекционист и уникатен човек. Секогаш се држеше до своите принципи и го кажуваше она кое го сакаше. Секогаш беше доста горд. Неговата посветеност кон фановите беше ненадминлива.

Како негов брат, тешко е со зборови да го изразам она што ми значеше тој во текот на животот, врската која ја имавме беше уникатна и исклучително посебна. Зад себе остави големо наследство кое ќе живее засекогаш.

Поврзани

Најнови вести

Коментари