ЕКСКЛУЗИВНО

"Победа" е насловот на песната со која Тијана ќе не претставува на Евровизија

ПЕЈАЧКАТА ЗА ВЕЧЕР ОТКРИВА:


Тијана Дапчевиќ со песната насловена "Победа" ќе типува на победа следната година во Данска на 59 Евровизија, што ќе се одржи од 6 до 10 мај. Македонката со српска адреса ексклузивно за ВЕЧЕР го откри насловот на нумерата со која ќе не претставува на ова најголемо европско музичко натпреварување.

"Насловот на песната е "Победа" и секако дека типувам Евровизија следната година да ја донесам тука", вели Тијана

Пејачката, а од неодамна и актерка, открива дека изборот паднал на брза, динамична песна.
"Мислам дека сум на добар пат кога е во прашање изборот на евровизиската песна, веќе ја имам и одбрано. Знам со сигурност дека ќе се пее на македонски, македонски е авторот и ќе има многу добра журка на сцената во Копенхаген. Песната ќе биде динамична за да ја следни мојата енергија, можам и балада да отпеам, но не е тоа тоа", вели таа и додава дека иако ќе пее на нејзиниот мајчин јазик смета дека ќе допре до европската публика затоа што музиката нема граници.

Тијана зад себе има богата музичка биографија како интерпретатор и инструменталист, а нејзината соработка со врвни авторски имиња од балканското музичко милје, истенченото чувство за сценски перформанс, маркантниот и оригинален артизам и овозможија низа хитовски рефрени, кои се слушани и препознатливи не само кај македонската, туку и кај балканската публика и пошироко.

Останува во мај Тијана својот раскошен пејачки талент да го распостеле и на големата сцена во Копенхаген и да ги собере симпатиите и на европската публика.

(А.Ѓ.)



Поврзани

Најнови вести

Коментари