За годишнината

Панчо ја препеа најубавата балада на Елена!

Најновиот проект на ДНК се вика "Есен во мене" и всушност станува збор за кавер верзија на евергрин класикот "Есен во мене" испеана од феноменалната Елена Ристеска, а сега во изведба на Панчо.

Темата, која годинава слави 10 години од издавањето, всушност му е една од омилените на Панчо, па оттука и идејата истата да ја отпее.

"Година нумерата слави точно 10 години од нејзиното издавање, па заедно со нашиот продуцент Лазар Цветкоски решивме да го прославиме љубилејот на малку поинаков начин. Од срце сме им благодарни на Дарко Димитров (кој е композитор на оригиналната верзија ) и Елена Ристеска за укажаната доверба и дозвола да направиме unplugged варијанта на оваа безвременска балада. Се надеваме дека ќе ви се допадне. Уживајте!" - вели Панчо.

Музиката и аранжманот на оригиналната верзија се на Дарко Димитров, додека текстот го потпшува Калиопи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари