Од работа нема срам

Панчо фати бизнис во Америка

Дека онаа кога некој едноставно си го бива за бизнис, си го бива не е за џабе измислена жив доказ е Панчо – ДНК, кој деновите до големиот скопски концерт ги минува во САД.

И додека многумина мислеа дека едната половина од двоецот, кој за на 12 мај го закажа големиот јубилеен концерт во Метрополис арената, отишол во Америка да си го олади мозокот од обврските, Панчо ги демантираше.

Не дека не шета и не дека секојдневно не се фали со обавениот шопинг, а богами и не дека заборавил на обврските на домашен терен зашто секојдневно снима штосни видеа и фотки посветени на концертот, туку решил и да сврти некој бизнис таму. Сега, може нема да ќари милиони, ама, како се вели, ако не потече барем некое доларче ќе капне. Така, Панчо решил да си ја проба среќата и да застане зад пултот на кој се продава хот дог.

Рекламата "лапни голтни" не му е лоша, рецептот веруваме не го промашил, а како му одела заработувачката ќе видиме кога ќе се врати.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари