Ова е сопругата на Дино Мерлин кој ја запросил на 21 година

Неговите песни ги обожаваат многумина, а неговата љубовна приказна како да е излезена од неговите многубројни хитови. Дино Мерлин својата сопруга ја запознал кога имал 17 години, а се оженил кога наполнил 21 година. Биле и двајцата од различни класи, но нивната љубов и денеска трае.

 

Тој бил сиромашен, а таа богата студентка на архитектура.

Заљубен во музиката, на неа и ги пуштил демо снимките и ја прашал што таа мисли за неговиот талент.

Нејзините зборови и поддршка биле пресудни. Дино заплови во светот на музиката, прво како член на бендот „ Мерлин", а се останато на сите е позната живата легенда.

Работел тешки и физички работи за да ја заработи првата плата, ги остварил своите соништа. А бил многу зрел и кога е семејниот живот во прашање.

– Имав 21 година кога се венчав. Бев многу млад, но зрел за голема приказна каква што е брак. И зад секој успешен музичар стои една уморна и исцрпена жена. Но за среќа, Амела таква се уште не е.

Амела заедно со децата ми е се во животот. Се уште лесно може да ме направи среќен и несреќен: Среќен сум дека е покрај мене, а несреќен знае да ме направи кога ќе ми каже дека за неа јас секогаш ќе бидам Дино, но не и Мерлин.

Дино и Амела ја имаат ќерката Најда, и синот Хамез, а Дино воопшто не сака да зборува за својот приватен живот пред јавноста.

Поврзани

Најнови вести

Коментари