Ова е шефицата на кабинет на руската одбрана

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, за своја нова портпаролка ја именувал 26-годишната телевизиска новинарка, Росијана Марковскаја.

Наредбата за именување била објавена на 15. ноември 2017 а Марковска, како што навела, ќе работи како портпарол во министерството за одбрана, а Игор Конашеков ќе остане директор на Одделението за информирање и масовни комуникации на воениот ресор.

Росијана Марковскаја е родена на 6. јануари 1991. година, а завршила новинарство на Далечноисточниот федерален универзитет.

Работела како дописник, лидер и автор на програмата на радио-телевизијата "Владивосток", а од 2015. година е дописник на телевизискиот канал "Ѕвезда".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари