СУЗАНА ГАВАЗОВА СО НОВИТЕТИ

Ова е песна за сите кои ја изгубиле љубовта!

Сузана Гавазова, која во моментов е во Австралија каде во тек и е турнејата, деновиве ќе го објави новото видео за темата "Само ти".

Сузана Гавазова, која во моментов е во Австралија каде во тек и е турнејата, деновиве ќе го објави новото видео за темата "Само ти". По повод премиерата, фолкерката напишала и статус на социјалните мрежи преку кој изразила задоволство од соработката со тимот кој стои зад реализацијата на овој проект.

Драги мои, на мое големо задоволство сакам да ви го најавам мојот најнов спот кој ќе излезе за една недела. Спотот е работен со најдобриот режисер и видео продуцент од Бугарија, Николај Скерлев на песната "Само ти# од нашиот автор и музички продуцент Љупчо Антовски - Бубе. Ова е песна која разбудува емоции кај заљубени души кои ја губат љубовта, но и после се борат пак да им се врати... Ова е нешто поинакво од досега што сум го работела, претстојат уште многу изненадувања во наредниот период. Ве сака вашата Сузана", стои во постот на фолкерката.

Инаку, во рамки на турнејата Сузе вечерва ќе одржи концерт во Мелбурн, утревечер пее во Сиднеј, а на 4 март ќе се сретне со македонската дијаспора во Канбера.

Поврзани

Најнови вести

Коментари