ВЛАДО ЈАНЕВСКИ:

Остарев, срамота е веќе да пеам за хормони и корпички!

Владо Јаневски завчера го промовираше видеото за темата "Последна заблуда". Текстот и музиката за песната ги потпишува самиот тој, аранжманот е на Никша Братош, додека, пак, продукцијата е на Валентино Скендеровски.

Владо Јаневски завчера го промовираше видеото за темата "Последна заблуда". Текстот и музиката за песната ги потпишува самиот тој, аранжманот е на Никша Братош, додека, пак, продукцијата е на Валентино Скендеровски.

Кадрите за видеото ги снимивме на Галичник и во Маврово, а во спотот како и вообичаено не се појавувам јас, туку неколку модели од модното студио Црнокрак, тоа е така затоа што не сакам публиката да ме гледа остарен, подобро е кога гледаат убави и млади ликови. Презадоволен сум од сработеното, долго време работев на песната и се надевам дека на публиката ќе и се допадне финалниот производ", откри Јаневски кој наскоро планира да направи и голем солистички концерт во Скопје.

На прашањето која е негова најголема животна заблуда чаирскиот романтичар вели дека со текот на годините сфатил оти за дел од неговите пропаднати врски виновник бил самиот тој, иако своевремено го мислел спротивното.

Ова е песна којашто ја посветувам на сите мои бивши љубови. Знаете, со текот на годините почнувате да сфаќате дека врската не може да ја убие само еден, и двете страни се подеднакво виновни што приказната завршила неславно. Порано мислев дека јас сум во право за се, но денес сфаќам дека и јас сум тој кој грешел. Веќе сум во позрели години, логично е да пишувам љубовни текстови со длабоки емоции, срамота е да пеам за хормони и корпички како што пеев пред 20 години", додаде Владо, кој не ја исклучува можноста во блиска иднина да ја изненади публиката со уште еден емотивен рефрен.

Фото: Ѕ. Плавевски

Поврзани

Најнови вести

Коментари