Се шушка

Ноне трудна или?!

Поранешната пејачка, велешанката Ноне деновиве, како што пишува Вистина.мк, е на Јамајка, родниот остров на нејзиното момче Рајан. Велешанката редовно објавува фотки како се забавува, а на една намерно или случајно и се забележува заобленото стомаче.  

"Ако поубаво ја загледате на фотографиите, не може а да не го забележите „отеченото" стомаче на македонската џепна венера, а потоа и да не се запрашате: Дали тоа љубовта на долги стази на познатата „еурокрем двојка" ќе резултира со зголемена бројка? На наталитетот на нацијата, секако... Без оглед, нашата или нивната!" - пренесува порталот.

Дали навистина штркот ја посетил Ноне или авантуристичкиот начин на живот си го земал својот данок засега не знаеме. Но ќе бидеме трпеливи, па ќе почекаме малку времето да каже дал е Ноне трудна или око не лаже?!

Поврзани

Најнови вести

Коментари