ВО ЧЕТВРТОК

Нокаут со славенички концерт во Битола!

Специјални гости на концертот ќе бидат долгогодишните пријатели и колеги Игор Џамбазов и Гуру Харе,

Популарната македонска група „Нокаут" годинава го прославува својот 20. роденден, па во рамките на големата славеничка турнеја, особено во текот на летово, бендот настапува низ повеќе градови ширум Македонија. После неколкуте одлични концерти во Охрид и Скопје, „Нокаут" за првпат доаѓа во градот на конзулите со акустичен концерт, кој ќе се одржи во четврток), во античкиот театар Хераклеја.

Специјални гости на концертот ќе бидат долгогодишните пријатели и колеги Игор Џамбазов и Гуру Харе, а влезниците по цена од 150 денари се веќе пуштени во продажба .Настанот е во организација на „Горила продукција" е во рамките на годинешното издание на „Бит фест 2017".

Поврзани

Најнови вести

Коментари